Жителите на Аеродром денеска излегоа на протест поради најавената сеча на дрвја на улицата „Васко Карангелевски“ спроти воениот базен. Тие бараат да се спречи уништувањето на зеленилото во оваа општина и очекуваат реакција од надлежните институции објави ТВ 24.
Најавената сеча на дрвја е поради проширување на улицата, а веќе е пристигната и потребната механизација за да се реализира сечата, но покрај во заштита на дрвјата стари и по неколку децении, аеродромци велат се на протест и поради тоа што според нив нема никаква потреба од проширување на оваа улица, на која велат живее попасивно население, во однос на останатиот дел од општината се вели во текстот.






