„Секојдневна глетка кај контејнерите вeднаш до ТЦ Бисер, потенцијален извор на зараза, отпадоци од месо од околните месари се фрла во и до контејнерите, а животни и луѓе го разнесуваат низ цела населба“, напишале „аеродромци“- станари од околните згради на трговскиот центар во порака која очекуваат да ја види и „таткото“ на Општината.



Пред два дена помпезно беше објавено во некои медиуми дека градоначалникот Златко Марин посетил градинка.

Време е градоначалникот да прошета и околу ТЦ „Бисер“, пишува Скопско Ехо.