Еден народ сме, пишува на налепницата на која визуелно се поврзани бугарското и македонското знаме, која е залепена на канти за ѓубре, клупи и други позиции во најголемата скопска општина Аеродром.
Провокацијата се случила во текот на ноќта кога се залепени налепниците кои имаат повеќе цели, да предизвикаат тензии, да порачаат дека нема македонски народ туку дека има само бугарски народ и да шират говор на омраза затоа што негирање на цел еден народ е ширење омраза.
МВР се уште не излегува со детали за сторителите на провокацијата.
На налепницата нема детали кој ја испраќа пораката но според видот на хартијата и печатачот МВР може лесно да утврди кој ја направил антимакедонска провокација.

Граѓаните различно ја толкуваат провокацијата







