Аеродром ноќва како лизгалиште, ги нема Марин и Шилегов (ВИДЕО)

Дел од главните улици за кои е одговорен градот Скопје и споредните за кои е одговорна општината Аеродром вечерва наликуваа на хокеарско игралиште на кое наместо хокеари се лизгаа автомобили.



На видеото снимено и објавено од граѓани се гледа како автомобили не можат да возат по улиците без да се излизгаат и да влезат во опасност поради лизгавиот колосек.

По улиците граѓаните не можат да видат екипи кои го расчистуваат снегот и мразот низ овој дел од Скопје поради што се прашуваат зошто градоначалниците Петре Шилегов и Златко Марин заедно со своите екипи за помош и чистење на улиците не се со своите граѓани при справувањето опасните улици.