Како дел од проектот „Аеродром прва општина со европско знаменце“ во село Лисиче, кое е дел од Општината, ќе се изградат голф-терени.
Планирано е да се протегаат на површина од 15 хектари, а за нивна изградба и ставање во функција потребни се 2,5 милиони евра.
Од Општина Аеродром најавуваат дека овој проект би се реализирал во 2023 Скопје и земјава за прв пат ќе добијат голф комплекс, што било долгогодишно барање на голф федерацијата, дознава СДК.






