Адвокатот Стеван Павлески кој ја придружуваше шефицата на СЈО , Катица Јанева, на распитот во Обвинителството за организиран криминал, а потоа ја бранеше и кај судија на претходна постапка кога и се определуваше мерката притвор, и го откажа полномошното.
Три дена по приведувањето на Јанева, тој и најавил дека повеќе нема да може да ја застапува, изјавил Павлески за НОВА ТВ.
Павлески е истовремено е и адвокат на газдата на„ Пелистерка“ Цветан Панделевски осомничен во случајот „Империја“, а како што дознава НОВАТВ, обвинителката Вилма Рускоска побарала од Павлески да одлучи дали ќе биде бранител на Јанева или на осомничените од СЈО во „Империја“.




