Адвокатот на Љупчо Палевски Палчо тврди дека не знаел дека осомничениот убиец бега од прогон и затоа му помогнал да ја напушти Македонија.
Асвокатот Васко Стојков за Телма вели дека бил замолен да го однесе во Белград на преглед и дека не знаел ништо за убиствата.
Го однел Палевески во Белград на преглед затоа што немал возило и не знаел дека е одговорен за убиства на 14 годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски. Вака адвокатот Васко Стојков во телефонски разговор за Телма објаснува зошто бил со Палевски кога тој избегал од државата.
Откако разбрал за што е осомничен Палевски, адвокатот Стојков му пратил порака да се врати и да даде исказ, затоа што станува збор за сериозна работа. Дали и каков одговор добил не сакаше да открие, рече дека сѐ кажал во полиција, но од тогаш повеќе нема контакт со Палевски, кому освен што му бил адвокат во одредени случаи биле и пријатели.
Сите детали на Телма






