Aдвокатот Сашо Дукоски реагира на интервјуто на Обвинителката Вилма Рускоска во емисијата „Само Интервју“ на Канал 5. Тој вели дека во емисијата биле изнесени ноторно неточни наводи во врска со случаите „Меѓународен сојуз“ и „Рекет“ и дека лично бил споменат од обвинителката, пишува Плусинфо.
Дукоски се осврнува на три работи кои Рускоска ги спомена во интервјуто:
„Во емисијата беше наведено дека јас, адвокат Сашко Дукоски, како бранител на обвинетиот Бојан Јовановски, наводно сум се согласил телефонот на обвинетиот Бојан Јовановски да не се вештачи!!?? Тоа го изјави јавната обвинителка, вели Дуковски и во реакцијата меѓу другото наведува:
ТРИ ПАТИ бевме одбиени да се вештачи телефонот,за што постои писмена документација . И ,тоа обвинителот многу добро го знае затоа што е потпишана на поднесокот за одбивање на барањето за вештачење и учествуваше во главната расправа па навистина не ми е јасно како може да го изјавува тоа што вчера го изјави дека јас сум се согласил телефонот да не се вештачи???????Секако ултра невистинито“.
Натаму Дуковски вели дека никогаш не било извршено вештачење на телефонот на Јовановски:
„Тука се поставува прашањето зошто јавниот обвинител со ниту еден збор не се произнесе дека форензичарот ангажиран од страна на обвинителството НЕ Е ВЕШТО ЛИЦЕ И НЕМА ЛИЦЕНЦА ЗА ВЕШТАЧЕЊЕ НИТУ Е ВПИШАН во регистарот на вешти лица???Кое нешто самиот истражител на обвинителството го кажа на рочиште за главна расправа на ден 24.05.2020 година кога беше присатна и обвинителката која во петокот даваше интервју??? Значи,според обвинителството,“писмен извештај“ е исто што и “писмено вештачење“ а особено“има“ некаква доказна вредност кога е изготвено од лице кое нема лиценца за вештачење и не е впишано во регистарот на вешти лица.Дури самиот истражител на обвинителството на тоа рочиште24.05.2020 самиот наведе дека тие воопшто не го вештачеле телефонот туку извадиле само три слики и истите ги анализирале!!!
И трето, адвокатот Дуковски вели дека во вчерашпната емисија „на недозволиво непрофесионален а особено неколегијален начин јавниот обвинтел наведе дака јас,бранител на обвинетиот и обвинетиот, “сме ја залажувале“ јавноста за тешката здравствена состојба на обвинетиот Бојан Јовановски затоа што на крајот се испоставило дека станува збор за “прскање на обичен чир„…..
Ова е многу ниско !!!!- пишува адвокатот Дуковски пренесе Плусинфо.






