Адвокатот Јанаки Митровски поставува неколку прашања по откривањето на убиствата на велешанецот Панче Жежовски, по чие уибиство и со негово возило „цитроен“ извршено било киднапирање на 14-годишната Вања Ѓорчевска, која била застрелана претпладнето на 27 ноември…
Тој и во објавата прашува:
„Како возилото на исчезнат човек со денови е недектирано од сејф сити?
Како се случи Палчо да избега?
Имал ли јатак?
Кога се узнало за нејзината смрт, вчера или порано?
Каква е целосната улога на таткото ако може да се нарече татко?
За сите овие прашања ќе чекам одговори од ОЈО Скопје на кое му верувам за разлика од МВР.
Владините за*ари платени со наши пари наместо да ги прашуваат истиве прашања се езанимаваат со критичарите на власта.
А Вања нека почива во мир и нека ни прости на сите што градиме општество кое морално се распаѓа! – објави познатиот адвокат.







