„После лавина реакции во јавноста на очигледно сомнителна зделка,младиот член на семејството Ахмети не матираше – побара институциите да ја испитале купопродажбата, пшишува адвокатот Јанаки Митровски во колумна насловена „Али Баба и 40-те внуци“ за Фокус.
„Хахахахахахахахаха.
Кои институции, истите оние дебело запоседнати од неговото потесно и пошироко семејство, како и неговите пријатели од село Зајас?
И да е од Ахмети многу е! – пишува адвокатот фрапиран од младиот член на кланот Ахмети кој доби една третина од 39 милионската (во евра) зделка за купувањето на Трговскиот центар Соравија
„Но, убеден сум – вели адвокатот – дека не го прави тој повик толку заради реакциите, колку да тура сол на рана.
Со други зборови му се може и не дупи!-
Еден Рамиз Мерко немаа храброст да бараат да си поднесе оставка, после триесет кривични предмети, на црна листа на САД и ноторно корумпиран лик, ќе го проверувале можеби политички најмоќното и супер богато семејство. Мижи Асан да ти баам“!- пишува Митровски.







