„Претекнување на полна лента и предизвикување директен судир е дивеење, тоа е евентуална умисла (dolus evetualis, свесност дека од дејствието може да настапи последица и согласување со нејзиното настапување) не е и не може да биде небрежност.



Небрежност би било на пример, претекнување на испрекината лента, со почитување на сите сообраќајни прописи, но со лоша проценка за сообраќајната ситуација и со тоа предизвикување последица. Разликата е во свесното прекршување правила“, реагира адвокатката Сузана Јошевска Атанасовска на казната од 6 месеци изречена на Зоран Милески Кичеец за предизвикување сообраќајка во која загина едно лице а 7 беа повредени.

Според Обвинителството единствениот прекршок што Кичеец го направил било претекнувањето на полна лента и за тоа, велат од таму, тој се каел и го признал кривичното дело.

Иако Кичеец и претходно е осудуван, што се смета за отежнувачка околност, тој сепак за сообраќајка во која загина едно лица доби најниска затворска казна, односно 6 месеци, Обвинителството смета дека сообраќајката Кичеец ја сторил од небрежност, а тој со спогодбата барал да биде осуден на условна казна, но е осуден на затвор од 6 месеци.

А дали обвинителството му ја зема како отежителна околноста дека вкупно 7 лица имаат тешки телесни повреди од тој негов ЕДИНСТВЕН пропуст. Дали ја зема како отежителна околноста дека извршил злоупотреба на дозвола за лекување и дека воопшто не требал да биде во кола на Стража, туку во болница или дома, пошто нели, срцеви проблеми, тахикардии има и сл.?

Дали обвинителството му ја зема за отежителна околноста што со таа негова “докажана” здравствена состојба тој би требало да избегнува да вози, особено на отворен пат?“, реагира Јошевска Атанасовска. (Фактор)