Законскиот застапник на оштетеното семејство на убиениот Кире Тричковски кај Смилковско Езеро, Дафинка Ивановска, денеска во своите завршни зборови за случајот „Монструм” му порача на судот дека има обврска и кон семејството на убиениот , но и кон целата јавност да даде одговор што се случило на 12 април, 2012 година.
„ Душевната болка е голема како распарано небо, а од денот на смртта на синот, нивниот живот комплетно се превртел. Медицинските средства и одењето на гробиштата никогаш не ја намалија болката која им го срушила нивниот живот. Семејството Тричковски бара и чека одговор за тоа што се случило на 12 април, 2012 година на Смилковско езеро“ – порача адвокатката Ивановска како што пренесе Плусинфо.






