Адвокат згрозен од дволичноста на Џафери за масакрите во Украина и Македонија

Адвокатот Јанаки Митровски ги коментира изјавите на собранискиот спикер Талат Џафери кој изрази згрозеност од руските масакри во Украина а молчи или помага да се заборават масакрите на УЧК во Македонија.



,,Талат се згрозува од масакрите во Украина а во Македонија неговата партија е главна пречка за процесуирање на овдешните масакри”, пишува Митровски за двојните стандарди на првиот човек на Собранието кој беше командант на УЧК во конфликтот од 200 година.

Според меѓународното право злосторствата против човештвото се кривични дела кои не застаруваат никогаш дури ни кога некоја држава ги амнестирала со закон како што тоа го стори Македонија.