Мерџан Даути, адвокат на градежната инспекторка Елизабета Најдовска обвинета во случајот „ТНТ“ кој а се однесува на уривањето на „Космос“ на Фијат Цаноски, се жали дека Судот му го ограничува правото на користење на албанскиот јазик.
Тој побара превод на сите списи и докази и почитување на Законот за јазици, пренесе Алсат М.
„Необезбедувањето на превод на сите потребни документи и материјали, односно необезбедувањето на симултан превод за време на целиот тек на постапката претставува суштинска повреда на постапката“, тврди Мерџан Даути.






