Откако мна социјалните мрежи се појави видеото во кое се гледа како двајца насилници тепаат девојче, експресно бил контактиран штипскиот адвокат Кристијан Мицевски со барање – да ги брани:
„Го пишувам ова, па макар и лиценцата да ми ја одземат. Пред некое време, денес, добив повик од пријатели на семејствата на ,,тепачите” да им бидам адвокат и да ги бранам, да сум помогнел.
Мојот одговор беше – Да, јас ќе помогнам, ама на девојчето! Затворив слушалка…
Добро бре ,,фраери”, дали сте нормални вие? Баш ме интересира кој колега добар збор за вас ќе каже? Има ли пари кои ќе ме натераат на тоа? Поздравете по дома, па ќе се видиме за некоја година, квази фраери! – напиша адвокатот на својот Фејсбук профил.






