Белградскиот адвокат Чедомир Стојковиќ тврди дека на полесен или погруб начин ќе мора еднаш да прекине врската меѓу Александар Вучиќ и Владимир Путин.



„Ако Вучиќ не сака, јас го сакам тоа“, изјави Стојковиќ, пред да предаде писмо до Амбасадата на Украина и до Канцеларијата на Делегацијата на Европската Унија во Србија во кое ја образложува одлуката неговата адвокатска канцеларија во Белград да воведе санкции кон Руската Федерација.

Свесен е дека нема да постигне многу и дека ова е симболичен потег, но вели дека морал да го направи тоа затоа што се „срами“ од молкот на Србија за руската агресија врз Украина, немањето официјални санкции на Белград кон Русија, но и – „руска окупација“ на Србија, пишува Ал џезира..

Стојковиќ оди чекор понатаму и на Владата на Србија и предаде барање за бришење на Руската Федерација од списокот на безбедни земји, како и барање за доделување привилегиран статус на Украинците и Русите во Србија кои се против војната и режимот во Москва.