Еден од првично обвинетите за настаните од „27 април“, Александар Василевски-Нинџа, се очекува на денешното рочиште да го потврди тоа што го кажал кога давал исказ како обвинет, а тоа е дека ВМРО-ДПМНЕ не стои зад протестите , туку дека само дале поддршка, вели адвокатот Еленко Миланов.
„Ќе видиме како ќе се одвива неговото сведочење но очекувам тој да го потврди исказот даден како обвинет дека немало организирано влегување во Собрание и дека немале план што да прават ако влезат. Најмалку пак дека добивал инструкции од партии или поединци“, вели Миланов за „Пресинг ТВ“.
Засега упорна во настојувањата да докаже дека упадот во Собранието бил координиран од ВМРО-ДПМНЕ единствено е обвинителката Вилма Рускоска, иако и таа има се помалку аргументи, но и сведоци кои тоа ќе и го потврдат.






