Откако стана јасно дека скопскиот кривичем суд под политички притисок може да го укине основното право на презумпција на невиност на обвинитите и поради политички причини да пресмета затворски престој пред правосилни пресуди адвокатот Еленко Миланов му држи писмена лекција на шефот на овој суд Иван Џолев.
Во претставка до Основниот кривичен суд
Скопје односно до Иван Џолев Претседател на Основен кривичен суд адвокатот Еленко Миланов дава серија правни аргументи во врска со ,,Предлогот за засметување на лишување од слобода по решенија за правосилно определен и спроведен притвор и куќен притвор согласно член 12 од Уставот на Република Северна Македонија,член 4 , член 25 став 5 , член 404 став 1 точка 6 и вв со чл.447 ст.1 т.1 и ст.5 од Законот за кривичната постапка, член 46 став 1 и член 47 од Кривичниот закони, од осудениот Миле Јанакиески”.
На Јанакиевски вчера му беше наложено да се подготвува да замине во затвор иако тој досега бил повеќе време во притвор од времето кое треба да го мине в затвор според правосилните предмети.
Ако Јанакиески според правилото на презумпција на невиност биде ослободен од сите други предмети кои не се завршени тој в затвор ќе помине време за кое ќе треба да плати државата со што Џолев ќе предизвика штета на буџетот согласно неколку става од членот 353 за злоупотреба на службена должност.
Претседтелот на судот Џолев точно знае дека Јанакиески веќе го одлежал периодот за кој сега е правосилно осуден.
Писмото на Миланов до Џолев кое е своевиден час по кривична постапка и најдобра одбрана за судијата да го отфрли притисокот од политиката ви го пренесуваме во целост:
Почитуван Претседател,
Со овој допис се обраќаме до Вас со барање за добивање на став од Вас или од Колегиумот на судии на Основниот кривичен суд Скопје во однос на следново правно прашање:
Дали кривичниот совет согласно член 12 од Уставот на Република Северна Македонија, член 4 , член 25 став 5 , член 404 став 1 точка 6 и вв чл.447 ст.1 т.1 и ст.5 од Законот за кривична постапка и член 46 став 1 и чл.47 од Кривичниот законик по лично барање на обвинето/осудено лице или барање од бранител по добиена правосилна пресуда донесена од судечкиот совет може да донесе пресуда со кое ќе одлучи за засметување на определен и спроведе притвор по правосилно завршениот предмет и правосилно определениот и издржаниот притворот по други кривично предмети кои не се правосилно завршени пред насловниот Суд, да се засметаат во изречената казна за правосилно завршениот предмет
Ваквото барање го доставуваме до Вас од следниве причини:
Против мојот клиент Миле Јанакиевски во период од 2017 до 2020 година покренати се 9 кривични предмети кој се водат пред насловниот Суд, а само еден од нив е правосилно завршен познат во јавноста како ,, Насилство во центар,,.
По предметот познат во јавноста како ,, Титаник,, по признание на вина нашиот Клиент е правосилно осуден на казна затвор во трење од 3 години и 6 месеци за која е објавено известие дека е правосилна со Пресуда на Апелациониот суд Скопје.
По предметот познат во јавноста како ,, Топлик,, нашиот Клиент е осуден на 3 години и 6 месеци казна затвор кој предмет е во жалбена постапка.
По предметот познат во јавноста како ,, 27 април ,, нашиот Клиент беше осуден на 6 години и 6 месеци казна затвор која пресуда е укината со Решение на Апелациониот суд Скопје
По предметот познат во јавноста како ,, ТНТ ,, нашиот Клиент е осуден на 3 години казна затвар кој предмет е во жалбена постапка.
На нашиот Клиент првпат му е изречена мерка притвор по предметот познат во јавноста како ,, Титаник,, времето поминато во притвор до моментов на поднесувањето на ова барање е околу 21 месеци (од 14.11.2018 до 21.2.2018 и од 28.2.2022 до поднесување на овој Предлог поради изречен притвор до правосилност на пресудата)
По предметот познат во јавноста како ,, 27 април ,, времето поминато во притвор е 4 месеци (од 21.2.2019 до 29.6.2019)
По предметот познат во јавноста како ,, Шпански скали ,, времето поминато во притвор е 20 месеци (од 26.6.2019 до 23.2.2021 година), со напомена дека овој предмет е во фаза на главна расправа т.е изведување на докази на одбраната.
По предметот познат во јавноста како ,, ТНТ ,, времето поминато во притвор е 9 месеци (од 23.2.2021 година до 18.11.2021 година) со напомена дека во Решенијата за определување на притвор по овој предмет е наведено како основ дека се водат кривично постапки и по други предмети.
Или вкупно поминато време во притвор на Нашиот клиент согласно предходно наведеното е вкупно 54 месец (или 4 години и 6 месеци).
Имено,
Прашањето кое што се поставува како спорно е што во случај кога се воделе други постапки кои биле во тек и во некои се донесени пресуди во кои е изречена казна затвор, дали во таков случај притворот кој течел паралелно и се однесувал како мерка за обезебедување за сите постапки кои се воделе истовремено, може да биде засметан во една од тие постапки во кои е донесена осудителна пресуда со изречена кривична санкција-ефективна казна затвор .
Со оглед на вака презентираната фактичка состојба, неизвесноста од исходот на предметите по жалба, како и неизвесноста од исходот на постапките кои се во тек, а по однос на кои бил определен притвор, фактот дека поради поведени повеќе постапки во исто време против нашиот Клиен не издржувал мерка притвор за цело време на трањето на пример предметот ,, Титаник ,, или ,, 27 април,, како и неспорниот факт дека со изречената мерка притвор се ограничува правото на слобода на поединецот како лично индивидуално право, се наметна правно прашање кое го истакнавме на почеток на ова барање.
Имено, ако со изречената мерка притвор се ограничува личното индивидуалното право на слобода на поединецот, сметаме дека лично индивидуално право на поединецот на кого му била ограничено правото на слобода, а имајќи ги во предвид предходно наведените факти, е да може по негово лично барање до судот да побара од судот да донесе посебна пресуда со која ќе одлучи за засметување на издржан притвор по правосилно завршениот предмет и издржаниот притвор по правосилни судски решенија за определување на мерка притвор или куќен притвор по други кривично предмети пред насловниот суд во изречената казна за правосилно завршениот предмет.
Согласно на одредбата од чл.47 од КЗ времето поминато во притвор како и секое лишување од слобода во врска со кривично дело ( без назначување на тоа дали е за една или повеќе кривични постапки – наша забелешка ) се засметува во изречената казна затвор.
Согласно на одредбата од чл.46 ст.1 од КЗ при примена на одредбата од чл.44 од КЗ цитираме – … Казната или дел од казната што осудениот ја издржал, ќе му се засмета во изречената казна. – завршен цитат.
Одредбата од чл.4 од ЗКП за сомневање во однос на околности од кои зависи примената на некоја одредба од Кривичниот законик, СУДОТ ЌЕ ОДЛУЧИ НА НАЧИН ПОПОВОЛЕН ЗА ОБВИНЕТИОТ (осудениот во конкретниот случај) за кој е поповолно засметување на издржаниот притвор да биде засметан во казната по правосилно изречената пресуда.
Со донесување на осудителна пресуда согласно на одредбата од чл.404 ст.1 за судот е облигаторно внесување на одредени елементи во пресудата , а согласно на одредбата од т.6 на ст.1 од чл.404 се внесува одлуката за засметување на лишување од слобода, на притвор или на веќе издржаната казна ( повторно без назначување дека се однесува на притвор или лишување од слобода за конкретниот предмет или истото може да се однесува за притвор , куќен притвор или лишување од слобода – наша забелешка).
Стварна надлежност за одлучување во прв степен надвор од главната расправа е согласно на одредбата од чл.25 ст.5 од ЗКП до кој совет по Вашето произнесување за овој Предлог предлагаме да биде доставено на разгледување и одлучување.
Примената на одредбата од чл.25 ст.5 од ЗКП во оваа насока наоѓа своја основа и согласно на одредбата од чл.447 ст.1 т.1 и ст.5 од ЗКП.
Сметаме дека е неспорен факт дека постојат правосилни и извршени решенија за определување на мерка притвор и куќен притвор кои се извршени во однос на обвинетиот Миле Јанкиески кои се донесени од Основниот кривичен суд Скопје.
Одредбата од чл.447 ст.1 т.1 од ЗКП наведува постоење на две или повеќе пресуди против истиот осуден за кој правосилно се изречени повеќе казни , а не се применети одредбите за одмерување на единствена казна за дела во стек во корелација со одредбата од чл.46 од КЗ согласно на која … Казната или дел од казната ШТО ОСУДЕНИОТ ЈА ИЗДРЖАЛ, ЌЕ МУ СЕ ЗАСМЕТА ВО ИЗРЕЧЕНАТА КАЗНА ЗАТВОР дава за основ да ИЗРЕЧЕНИТЕ МЕРКИ притвор и куќен притвор ВРЗ ОСНОВА НА ПРАВОСИЛНИ РЕШЕНИЈА кои се СПРОВЕДЕНИ ИЛИ ИЗВРШЕНИ донесени од истиот суд ИЗДРЖАНАТА МЕРКА ПРИТВОР ДА може да се засмета во правосилната осудителна пресуда.
Оваа околност уште повеќе доажа до израз согласно на одредбата од чл.47 ст.1 од КЗ согласно на која ВРЕМЕТО ПОМИНАТО ВО ПРИТВОР, како и секое лишување од слобода ВО ВРСКА СО КРИВИЧНО ДЕЛО ( не кривично дело од конкретна постапка , ТУКУ ВО ВРСКА СО некое кривично дело – наша забелешка ) СЕ ЗАСМЕТУВА ВО ИЗРЕЧЕНАТА КАЗНА.
Одредбата од чл.4 од ЗКП согласно на кој за сомневање во однос на околности од кои зависи примена на некоја одредба од Кривичниот законик , сметаме дека содветно се однесува и на одредби од Законот за кривичната постапка, со оглед дека Законот за кривичната постапка НЕ СОДРЖИ одредба согласно на која НЕ Е ДОЗВОЛЕНО засметување на определена и спроведена правосилна Одлука-Решение за притвор или куќен притвор во однос на ист обвинет сега осудениот Миле Јанакиески во правосилна пресуда со која е изречена казна затвор од истиот суд до кој е насловен овој Предлог.
Посебно сакаме да укажеме дека согласно на одредбата од чл.447 ст.5 од ЗКП се предвидува учество на двете странки во постапката во која насока ПРЕДЛАГАМЕ да овој Предлог со изнесените законски основи СЕ ДОСТАВИ до обвинителството или обвинителот кој постапувал во предметот во кој постои правосилна пресуда КАКО ИСПИТУВАЊЕ НА СПРОТИВНАТА СТРАНКА.
По прибавување на мислење од надлежното обвинителството или обвинител кој постапува по предметот познат како Титаник 1 и утврдувањето на Вашиот став како Претседател на Основниот кривичен суд Скопје по овој Предлог или став на Колегиумот на Основниот кривичен суд по Предлогот да се достави за донесување на соодветна Пресуда од надлежен судски совет за засметување на правосилно изречените мерки притвор и куќен притвор за Миле Јанакиески во правосилната пресуда со која е осуден во предметот познат под кодно име Титаник 1 со примена на одредбите наведени во истиот,
Однапред Ви благодарам.
Скопје 05.07.2023 година
Со почит,
Адвокат Еленко Миланов






