Адвокатот Јанаки Митровски смета дека министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски со одлуките за обезбедување на гробот на Гоце Делчев на Свети Спас на денот на неговиот роденден суспензирал две основни човекови права, право на движење и прабо на протест.
“Не знам по кој критериум било кој македонски или бугарски политичар има предност да отиде на гробот на Гоце од мене кој 37 години живее овде, не сум направил никогаш кривично дело, работодавец, се убив од даноци плаќање. И вчера реков дека ни се нарушени две со Устав гарантирани права а тоа се правото на слободно движење и правото на протест и тие права не може да се подриваат со наредбите на министерот. Но состојбата е таа, ние сме под окупација!”, смета Митровски.






