Адвокатот Јанаки Митровски кој заедно со уште двајца други бранители се понуди да го брани Ламбе Алабаковски бара луѓето што го гонат пејачот за опожарување да не им ги ,,бакнуваат газовите” на тие што уринираат врз македонските граѓани.
,Најновите информации велат дека Алабаковски ќе биде изведен пред судија на претходна постапка во т.н. итна постапка каде може да се бараат мерки ама може да се бара и притвор.
Со кое право Спасовски цел ден врши притисок врз ОЈО Битола?
Зашто би одело по итна а не редовна постапка? Не е осудуван, не е криминалец, тука е, не се скрил или бегал по настанот?
Доста бакнувате задници на оние кои не уринираат!!!”, им порачува Митровски на луѓето што преку случајот Алабаковски се обидуваат да се прикажат како конструктивни на бугарските власти.






