Адвокат до Рашковски: Фатен си, во жива кал кога преташ повеќе тонеш

Скопски адвокат му дава бесплатен совет на генералниот секретар на Владата Драги Рашковски.Некогашниот колега од Правниот факултет сугерира “Генсекот” да си даде оставка затоа што е фатен, а дури па потоа да докажува кој е прав.”Одамна те знам, еееее… уште од Правен на времето!Не е човек да ти даде власт!Еднаш ти го дадоа во раце целиот “ЕКТС”- систем на факултетот и постојано те следеа скандали! Створи многу непријатели-се сеќавам!Сега пак! “Дерман” се нема од скандали, а пак системот ти е даден во раце! Сега државниот, на Владата!Види Рашко! Батали тоа додека е време “друже”! Фатен си-фатен! Тоа е тоа! Поднеси оставка па докажувај кај што треба дека си прав!Во жива кал, правило е “друже” да не преташ – зошто колку повеќе преташ-толку повеќе тонеш!
Тоа е “друже”!”, пишува познатиот скопски адвокат за генералниот секретар на Владата Драги Рашковски кој е дел од снимка објавена од expres.mk во која има индиции за корупција и говор на омраза кон неколку европски нации.