Откако дознал дека охридската полиција почнала во нивните домови да ги малтретира луѓето што денеска кај Долна Порта се собрале да искажат почит за осудените за 27 април, скопски адвокат се јавил во СВР Охрид и ја презел целата одговорност за настанот.
Адвокатот Тони Менкиноски од СВР Охрид барал да запре прогонот врз десетина Охриѓани кои го поставија знамето до Сонцето од Кутлеш во знак на поддршка на уставобранителите.
Менкиноски барал СВР да го гони лично како организатор и поставувач на големото знаме со сонцето од Кутлеш и да ги остави на мира граѓаните на Охрид кои вечерва добиле полициска посета во своите домови.
И покрај барањето на Менкиновски по налог на министерот Оливер Спасовски вечерва охридски полицајци оделе во домови без да знаат да кажат за каков прекршок ги бараат луѓето што денска дадоа поддршка за уставобранителите со поставување на големо македонско етничко знаме на Долна Порта.
Поврзана вест
Сомнеж дека наредбата од Спасовски има цел да предизвика страв и инциденти






