Адвокат бара Кривичниот суд да не штити обвинители како ,,Бели мечки”

Најдобар показател за ултрапривилегираниот однос кој обвинителите го имаат во Кривичен суд е фактот да кога и да не дојдат на судење, а тоа не е ретко, судот не прави никаков проблем. Ама никаков.



Ова го тврди адвокатот Јанаки Митровски кој вели дека ако погоре кажаното му се случи на адвокат тоа е веднаш тенденциозно.

Затоа тој почнува правна пракса цедура за ја спречи оваа пракса во која судиите ги штитат адвокатите како да се ретки, заштитени со закон, животни

,,Да не смееш да се разболиш. Па се праќаат покани до доктори, се проверува медицинска документација, се поставуваат адвокати по службена должност и покрај противењето на обвинетиот.

И ние не сме на улица најдени. За ваквото кршење на правото на одбрана од страна на судија во скопска единица утре ќе поднесам претставка до Судскиот совет поради еклатантно кршење на правото на одбрана, спречување на подготвување на истата и судски булинг! Доста е!”, пишува Митровски кој почнува донкохотска битка против долгата практика на симбиоза на судот и обвинителство која неретко е зачинета со владини зачини.