Адмирал на НАТО: Подготвени сме за конфликт со Русија

Претседателот на воениот комитет на НАТО, адмиралот Роб Бауер, изјави дека Алијансата е подготвена за директен конфликт со Русија.



Бауер рече дека НАТО ќе одговори само доколку Русија ја премине „црвената линија“ со инвазија на една од земјите-членки на Алијансата, јави Танјуг, повикувајќи се на ТАСС.

Тој додаде дека верува оти стратешката цел на Русија е да оди уште подалеку од Украина, на други територии на поранешниот СССР. (Ал џезира)