Скопјанка која дваесетина години работи во администрацијата си ја отвори душата за состојбите во администрацијата и влијанието на политиката по неа:
Знам дека кај многумина ќе предизвикам чувство на гадење, потсмев, презир, неверување, но одамна размислувам да го напишам ова.
Не нарекувате џаболебари, неработници, спијачи на работни места. Па доколку подразмислам малку посериозно и ќе се согласам со вас дека навистина е така со акцент на последните неколку години.
Но да почнам од почеток на моето прво вработување од 2001 година па наваму. Околу 20 години се доволен показател што се случуваше во администрацијата.
Немавме удобни столчиња и уредени простории, имавме еден компјутер на кој чекавме ред по 3-4 колеги да си ја завршиме дневната обврска, секој си ја гледаше својата работа согласно систематизација и никој никому не му кажуваше како и што треба да работи туку само шефот и архиварот ни беа битни.
Обуки, работилници, менторства, прекувремени часови, ноќни часови, патни трошоци тогаш беа измислени поими.
Секојдневно читавме, баравме стари пракси и документи, се консултиравме со правници, професори едноставно се снаоѓавме секој на свој начин и целта ни беше да бидеме добри службеници кои и служат на државата и ги опслужуваат граѓаните.
Од 2006 година започнаа реформи, се сеќавате на првите реформи ” компјутер за секое дете”, ова страшно ме навреди и пред многуброен аудиториум станав и на тогашниот премиер Груевски му поставив прашање: дали знае дека администрацијата работи во мизерни просторни услови посебно во подрачните единици ширум Македонија и дека дел не знаат како изгледа компјутер а онаму каде што има се тепаат кој да седне прв и да искуца документ а тој промовира компјутер за деца.
Воопшто не му падна пријатно и нареди мојот директор да ја провери ситуацијата ( тој пак за греота мислеше имам нешто против него и среќа што не ме избрка од работа, врескање и лупање на маса која сум јас да зборувам за услови на работно место и да барам компјутер ) едвај се смири топката и од подрачна единица од внатрешноста ме вратија во Скопје 2009 година.
Е тука веќе друга приказна: започнати обуки по Европа, внатрешни работилници, набавка на комјутери, инсталирање на програми за работа, поврзување со сродни институции.
Стекнатите теоретски и практични искуства во ЕУ не натераа да размислуваме поинаку, да предлагаме начини како да го подобриме начинот на функционирање, дисиминација на знаење помеѓу колеги, предлози за менторства за нови колеги, приближување до засегнати странки, создавање на документација која ќе овозможи на приватни фирми и физички лица ( корисници на нашите услуги) да бидат рамноправни и еднакви не само на внатрешен туку и на надворешен план. Работевме по 12 часа дневно не баравме ниту дневници ниту покачување на плата, успех ни беше исполнет работен ден. Тогашниот премиер и министрите бараа предлози и од нас и од граѓаните ( правни и физички лица) , роковите за реализација беа кратки но и во помал број ги исполнувавме.
Почнаа да се градат административни згради, да се подобруваат просторни услови, нов мебел, службени возила, програми за менторства.
Првите плодови беа позитивните оценки од страна на Европската комисија и усогласувања со ЕУ правото.
Имаше периоди кога мислевме дека во повеќе работи сме и подобри од многу европски членки.
Во периодот на реформи од 2006 – 2015 имаше и многу грешки посебно во кадровата поплитика ( многумина си ја искористија позицијата да станат милионери).
Многумина купија дипломи и станаа административни службеници.
Многумина се вработија со несоодветно звање во стручни институции.
Од 2016 наваму последните пишани “грешки” се се почести и поагресивни.
Го изедовме калапот и оние примени од 2000 па наваму.
Почитување на постар, поискусен, постручен колега се измислени поими.
Мобинг, завист, шиканирање поради партиски припадности се секојдневие.
Среќа што почесто се менуваат директорите па на периоди спласнува партиската агресија.
Многу колеги работната иднина ја пронајдоа надвор од Македонија, голем дел преминаа во приватен сектор.
Но одговорно тврдам дека од овие лица никој не започна сопствен бизнис и не стана милионер.
Од административна плата можеш само да преживееш од 01 до 01 во месецот.
Услови за работа има, компјутери, возила, обуки, превработени, несоодветни, нестручни, незаинтересирани, што ти душа сака во администрација има.
Треба од корен промени, основа нека бидат грешките во минатото и сегашноста.
Стоп за превработена администрација, стоп на продукција на несоодветни кадри, стоп на купување на дипломи, стоп на партизација, стоп на агресија поради партиска ( вон работна припадност), дајте работа, дајте идеи за подобро, дајте плата за стручни и докажани и чесни административци.
Плукајте ја администрацијата имате право!
Но знајте дека не секој од вас може да биде добар административен службеник и да работи за просечна плата.
Не е виновна администрацијата, виновна е безидејната политика!!!”, пишува административната работничка Гордана Колариќ.
https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=10209067733326584&id=1715776594






