Просечната плата во Македонија од 34 илјади денари ја земаат само два отсто од вработените во администрацијата и службениците во правосудството. Сите дргуги се под просечната плата. Ова за Денар го тврди претседателот на УПОЗ Трпе Деаноски.
Просечна или нешто повисока плата ја добива само државен советник, другите нивоа како раководители на сектори, советници, соработници се многу поблиску до минимална плата од колку до просечната. Од Министерството за труд велат дека новиот закон ќе стави ред во платите кај административците и вработените во јавен сектор. Синдикалците пак се сомневаат во уверувањата на властите анализира Денар.мк.







