Од 1 февруари, административците ќе се вратат на работа во полн состав и со полно работно време.
За ова, според портпаролот на Владата Душко Аровски, претходно ќе се побара и дополнително мислење од Комисијата за заразни болести, пренесе МИА.
Државната и јавна администрација, општините и судовите, согласно одлуката на Владата од 13-та седница, од 20 октомври 2020 година, по препорака на Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство, согласно принципот на работа и работниот процес, ја организираше работата во смени, на далечина (дома) или, пак, редуцирано со систем на ротации, зависно од карактеристиките на работниот процес на институциите, имајќи го предвид Протоколот за превентивни мерки за сите работни места („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.147/20).






