Административците ќе се фатат за метла

На 20 локации во Скопје денеска ќе се одржи голема акција во соработка со невладината „Не биди ѓубре“ за чистење на смет во која ќе се вклучат вработените во администрацијата.



Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски посочи дека Спроведувањето на акцијата ќе го надгледуваат премиерот, министерите, градоначалниците и директорите на институциите што ќе бидат присутни на овие локации, а Град Скопје дополнително обезбедил и соодветна механизација за одредени локации, соопштио министерот Дамјан Манлчевски.

На овој начин, вработените од јавниот сектор ќе го одработат неработниот 2 јануари 2019.

Акцијата се езерцето Треска во Сарај, Аквадуктот, СЦ „Борис Трајковски“, Кале, Музејот на современа уметност, касарната „Илинден“, Јужен булевар, „Бихаќка“, Државното училиште за физичка култура „Методија Митевски Брицо“, Железничката и автобуската станица, улица „Џон Кенеди“, кај Собранието, цела улица „Македонија“, МКЦ и МТВ, касарната „Гоце Делчев“, улица „Ферид Бајрам“, улица „Александар Урдаревски“, Европската очна болница, улица „Индустриска“ во Гази Баба и целиот кеј на реката Вардар.