Поради големото незадоволство на членството од не-зголемување на платите во јавниот сектор и поради игнорантскиот однос на надлежните институции, јавната администрација и вработените во државните институции идната среда излегуваат на протест.
„Минималната плата стапи на сила од 1 март, а она што беше барање за скалесто покачување на платите не доби поддршка од економско-социјалниот Совет и не стигна до Собрание.
Од причина што 400.000 од вработените во земјата земаат средна плата од околу 21.700 што значи живеат на раб на сиромаштија, ние донесовме одлука најпрво да излеземе на улица на 30 март во 15.30 пред Собрание да го искажеме нашето незадоволство … и баравме усогласување на минималната плата“, вели претседателот на Конференцијата за слобони синдикати, Благоја Ралповски, пренесе Нова ТВ.
Дооколку и после тој протест надлежните останат глуви на нивните барања – Владата да го покачи бодот во јавниот сектор – ќе следи генерален штрајк на вработените во јавниот сектор.






