Аријан Адеми ќе му биде на располагање на селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Благој Милевски, за полуфиналето од баражот за Светското првенство 2022 во Катар на 24 март во Палермо.
Дефанзивниот играч за врска заздравува од повредата на потколеницата и ќе ја носи капитенската лента на Динамо Загреб во големото хрватско дерби со Хајдук на 12 март.
Настапот на 30-годишниот Адеми, кој има одиграно 26 натпревари и постигнато 4 гола за Македонија, треба да го надомести отуството во средниот ред на Елиф Елмас, кој заедно со Тихомир Костадинов има два жолти картона и ќе ја пропушти средбата со „аѕурите“.
Победникот на мечот во Палермо пет дена подоцна ќе игра директен дуел за пласман на мундијалот со подобриот меѓу Португалија и Турција.





