„Владата на с.Македонија го поддржува ‘Отворениот Балкан’, но најпрвин треба да се отстранат, или барем да се намалат патарините на автопатите меѓу регионите во земјата. Тарифите и придонесите, што се плаќаат во некои региони, не се исти во сите региони и како последица на тоа многу компании од истокот на земјата конкурираат со многу пониски цени на пазарот во с.Македонија.“ – вели Зулфи Адеми, советник во Советот на општина Гостивар од редовите на опозициската Алијанса за Албанците, во својата колумна со наслов „Пред ‘Отворениот Балкан Владата на с.Македонија треба да ги спроведе ‘Отворените региони“ во својата држава!“, која ја објави информативниот портал на албански јазик „ин7“.
Адеми пишува: „Ова им штети не само на албанските, туку и на македонските бизниси во нашиот регион, што значи дека се отежнува и живејачката на македонското население во општините со мнозинско албанско население.“
„Во нашата држава постои физичка поделба меѓу регионите, бидејќи сите инвестиции и отворања фабрики се случуваат само во некои региони. Исто така, и фискалната децентрализација и многу други прашања.“
„Не можеш да поддржуваш идеја, или иницијатива, како што е ‘Отворениот Балкан’, кога самиот се уште немаш таква идеја на рамниште на нашата држава. Пред ‘Отворениот Балкан’ Владата треба да ги спроведе ‘Отворените региони’ во својата држава!“
Home Македонија Адеми: „Пред ‘Отворен Балкан’ Владата прво да спроведе ‘Отворени региони’, намалувајќи ги...





