„Шефот на пратеничката група на ДУИ Арбeр Адеми денеска одржа прес-конференција на која говореше за последните постапки на директорот на Културно-информативниот центар за заобиколување на употребата на албанскиот јазик и за тенденциите и сценаријата на Алијансата за Албанците, Беса, ВМРО ДПМНЕ и Левица за поттикнување напнатости и омраза.“ – објави весникот на албански јазик „Лајм“ во својата информација со наслов „ДУИ: Коалицијата на ВМРО ДПМНЕ, Левица, Алијанса на Албанците и Беса ја суспендираше двојазичноста во Скопје“.
Лајм пишува: „Адеми истакна дека Алијансата на Албанците и Движењето Беса докажуваат политичка незрелост и го прекршуваат Законот за употреба на јазиците за да поттикнат тензии.“
„Овој чин на директорот на Културно информативниот центар на коалицијата ВМРО, Левица, Алијанса и Беса предизвика многу реакции бидејќи со оваа акција партнерите на коалицијата Алијанса за Албанците и Движењето Беса докажуваат политичка незрелост и тие го прекршуваат Законот за употреба на јазиците, што е веќе на сила, со цел да се поттикнат меѓуетнички тензии во време кога целиот континент трпи војна во Украина.“
„Ова може да биде само сценарио, кое оди во прилог на Русија, како што беше сценариото на новото ‘мнозинство 61’ – нагласи Адеми од ДУИ.“
Home Македонија Адеми: „Неупотребата на албанскиот јазик во КИЦ – проруско сценарио за меѓуетничка...





