Министерот за образование и наука Арбер Адеми објави дека информацијата што се ширеше за наводна Уредба на Владата за продолжување на учебната година на 18 мај е – лажна вест.



Во лажната Уредба на социјалните мрежи пишува дека учениците наводно треба да се вратат во училиште и ќда учат во три смени, а часовите ќе се скратат од 45 на 30 минути, пренесе „Алсат М“.

Лажна вест имаше и претходните денови за наводно продолжување на академската година ќе продолжи од 11 мај.

На ова пред два дена реагираа и од Универзитетското собрание на Универзитетот „Кирил и Методиј“ во Скопје.

„Мејлот кој кружи дека наставата на факултетите започнува од 11 мај е ЛАЖЕН… Бидете одговорни, не е време за ‘тролање’! Сите информации во врска со студиите и мерките за спречување на вирусот можете да ги следите на нашите социјални медиуми“,реагираа од Универзитетското собрание.