Адеми, кој фрлаше шолји по пратеници, вели дека уставните измени нема да ѝ наштетат на Македонија

Претседателот на собраниската Комисија за европски прашања, Арбр Адеми, на Петтата пленарна сесија на Националната конвенција за Европската унија во Македонија (НКЕУ-МК) оцени дека евентуалното менување на Уставот заради внесување и на Бугарите нема да ѝ наштети на земјата.



Не толку одамна, при наметнувањето на т.н. Француски предлог за старт на преговорите со ЕУ во јуни годинава, Адеми, кој е и координатор на пратеничката група на владејачката ДУИ, а беше министер за образование, ѝ направи директна штета на македонската држава и на нејзината демократија со фрлањето шолја за кафе и други предмети врз народните избраници-членови на Комисијата.