„Ќе ги згрижиме оние бегалци од Авганистан што ни помагаа како членка на НАТО. Македонија, односно оние луѓе, кои работеле заедно со нашата мисија во Авганистан, што работеле за нашата армија и НАТО, како и новинари, миротворци, преведувачи“, истакна во гостувањето на Сител телевизија, советникот за надворешна политика во владиниот кабинет, Едмонд Адеми.
Тој откри дека засега не се знае точно кога ќе пристигна бегалците, бидејќи, како што вели, тешко се пристигнува до аеродромот во Кабул…
„Станува збор за 650 лица кои се членови на семејства на вработени во Националниот демократски институт, Отворено општество, Обединетите нации, но и новинари интелектуалци и експерти од Би-Би-Си, Њујоркер, Фридом Хаус, како и студенти на меѓународни универзитети, рече Адеми спопред кој „можеме да прифатиме до 1.800 но се зависи од ситуацијата во Кабул, односно колкумина ќе можат да се извлечат.
Сите овие луѓе ќе бидат процесуирани кон САД или трети земји а во Македонија привремено ќе бидат згрижени додека им се извадат специјални мигрантски визи за во САД. “Кај нас, согласно Законот за странци, ќе им се издава виза за престој до 90 дена“, вели Адеми.







