Адеми: Како платени, наемни убијци работат околу 40 Албанци од Косово, Србија, * Македонија, Црна Гора и Албанија!

„Меѓу Албанците има околу 40-тина, кои работат како наемни, платени убијци.“ – изјави д-р Менсут Адеми, експерт за безбедност и предавач по криминалистика во Универзитетскиот ААБ колеџ од Косово, за весникот на албански јазик „Бота сот“ од Приштина, Косово.



„Бота сот“ ја пренесува изјавата на Адеми, дадена во овој контекст: „Овие податоци ги имаме од албанската државна полиција и од институциите на безбедноста. Идентификувани се Албанци од Косово, Србија, Црна Гора, Албанија и * Македонија, ги има околу 40-тина, кои работат како наемни, платени убијци.“