„Хистеријата во јавноста околу тоа дека Охрид може да стане дел од таа листа на загрозено културно и природно богатство на УНЕСКО не ја направи владата.
Второ, владата и сега во оваа ситуација на тие разговори во Баку што јас ги имав, не само со земјите членки на комитетот, туку и со двете експертски организации во рамките на УНЕСКО, ИКОМОС и УСЦН, договорена е експертска поддршка“, изјави во неделното интервју Радио Слободна Европа, министерот Едмонд Адеми.
Тој рече дека ќе го цитира градоначалникот на Охрид Константин Георгиевски според кој во Охрид „на прстите од двете раце може да се избројат дивоградбите од типот на куќи, угостителски објекти или хотели во заштитениот појас во Охрид“, а најголемиот дел од нелегалните објекти биле гаражи, огради или некои дополнителни скали.
Вината за дивоградбите во Охрид тој ја гледа во претходната власт кој го донела Зазконот легализација „ и сега ниту градоначалникот, ниту општината, ниту која било друга институција, доколку субјектот си ги исполнувал условите…“





