„Пратеникoт од ДУИ Арбер Адеми изрази оптимизам дека уставните измени ќе се случат. Тој вели дека има време да се реализира ова – до изборите на 8 мај 2024 година.“ – објави ТВ 21. Овој став Адеми го изнесе во емисијата „10 минути“ на оваа телевизија, емитувана синоќа.
ТВ 21 ја цитира изјавата на Арбер Адеми, дадена во овој контекст: „Ние, како општа политичка партија во земјата со јасна заевропска насоченост, не се откажавме и ќе чиниме максимум сѐ додека ќе постои овој состав на законодавниот дом. Изборите се предвидени за 8 мај. Имаме месеци пред себе, доволно е да постои политичка волја.“ –





