Адеми: ДУИ ќе биде „клучот“ за формирање идна влада

„Ние веруваме дека на овие избори нема да бидеме само победници, туку ќе бидеме и одлучувачки победници и клуч за формирање на идната влада која ќе следи по 15 јули со политички договор и ова не е условување“ – изјави миннистерот Арбер Адеми кој е кандидат на ДУИ во ИЕ 2, синоќа во дебата на ТВ21.



Тој упати смирувачка порака до македонските политички партии дека не треба да бидат загрижени:

„Ако сакаме оваа земја да биде еднаква за сите со еднакви можности за сите, не треба да се грижиме за тоа дека еден Албанец ќе биде премиер.

Никој го нема ексклузивитетот во етнички аспект за клучните позиции. Тоа што Талат Џафери стана претседател на Собранието, дали имаше некаква штета РСМ, напротив – рече Адеми вечерва во изборната дебата на ТВ21.