Адеми: До 8 мај има време за уставни измени (ВИДЕО)

За да се донесат уставните исмени, има време до изборите на 8 мај 2024 година, вели пратеникот од редовите на ДУИ и поранешен министер за образование, Арбер Адеми.



„Ние како општа политичка партија во државата со јасна проевропска ориентација не се откажавме и даваме се од себе се додека постои овој состав на законодавниот дом“, рече Адеми во емисијата „10 минути“на ТВ21.

„Изборите се закажани за 8 мај. Имаме месеци пред нас, доволно е да има политичка волја“, кажа пратеникот.

Власта планираше уставните измени да бидат направени до крајот на оваа година…

Процесот за уставните измени во Собранието беше започнат на 18 август, но собранискиот спикер Талат Џафери ја прекина седницата со оглед дека вледејачката коалиција на СДСМ и ДУИ засега не успева да го обезбеди двотретинското мнозинство неопходно за отворање на Уставот.