Формирањето проширена влада за гласање на уставните измени не е поврзано со договорот во последните 100 дена од оваа влада премиерот да биде Албанец, што значи дека ќе треба прво да имаме проширена влада за уставни измени и да закажеме нови избори па потоа техничка влада со премиер Албанец, изјави потпретседателот на ДУИ Арбр Адеми за ТВ21
„Тоа е политички договор што е прифатен од сите партии што го постигнаа тој договор, но за овие неодамнешни случувања велам дека во партијата сме на постојани средби и консултации со нашите меѓународни пријатели.
100-те дена немаат никаква врска со Влада која евентуално може да се формира по стапувањето во сила на уставните измени“, вели Арбр Адеми.
Адеми нагласи дека за ДУИ е важно уставните измени да се изгласаат и да стапат на сила и оти, според него, по изборите се одлучува кој ќе влезе во Владата.
Запрашан што во случај ако ВМРО-ДПМНЕ победи на следните парламентарни избори и да не ја избере ДУИ за коалициски партнер, Адеми вели:
„Имавме можност да видиме во овие последни години на политички плурализам, особено по 2001 година, двете македонски партии често, не ретко, да се изјаснат ДУИ да оди во опозиција, а епилогот го видовте во овие 21 година. Така што додека Али Ахмети и ДУИ ја имаат поддршката од граѓаните, желбите на другите политички партии можат да останат само на хартија и во нивните умови“, вели Арбр Адеми.







