Адамчевски: Го победив коронавирусот

„Да, лежев на Инфективна две недели, уште две недели во изолација и конечно од утре ќе излезам да се прошетам. Заболев дома,се собравме и некој од членовите на семејството го донесе и по неколку дена се појавија симптомите. По 10 дена се зголемија, се зголеми температурата и матичниот лекар ми рече дека треба да одам на Инфективна.



Поминав две недели на инфективна како средно -тежок пациент, бидејќи таму се делат на лесни, средно – тешки и тешки“, вели во разговор за ММЦ.мк долгогодишниот новинар Мирче Адамчевски кој се зарази со коронавирусот и имаше среќа да го по и да оздрави.

Не знам со кои лекови бев третиран. Дневно примав неколку инфузии и вториот ден веќе ми спадна температурата. Полека се опоравував. Морам да кажам пофални зборови за персоналот на Клиника. Морам да го споменам нивниот професионализам и односот кон пациентите полн со оптимизам и тоа во прв ред на лекарите. Но, посебно треба да се издвојат медицинските сестри, бидејќи да работиш од седум наутро, до седум навечер а голем дел од тоа време да си со заштитни маски, очила или визири и друга заштитна опрема, не е лесно. Плус пациенти во разна здравствена состојба, непекинати повици преку ден и на полнок, болни се јавуваат, инфузии, инекции. Да не зборувам низ што се поминуваат. Во една реченица медицинските сестри се ангели чувари на пациентите.

Запрашан што најмногу го нервирало за време на престојот во болнива Адамчевски вели:  

„Цело време бев во контакт со надворешниот свет, нормално со мобилнот и мене ми пречеше кога некои постојано викаа дека мерките за борба со корона вирусот се строги. Нив би им предложил барем една ноќ да поминат на Инфективна, да слушаат кашлање, кога ти се чини дека во болница ќе си ги искашлаш дробовите, офкања, повици од некои кои горат од температура, некои се бањаат во пот. Ако поминат ноќ на Клиника тогаш критичарите ќе почнат мерките да ги благословуваат. Мерките не паѓаат од небо, гледаме дека ги предлагаат стручни лица. Доктори, експерти и добро е што е така. Политичарите помалку да се мешаат. Па затоа мерките мора да се почитуваат, во прв ред носење маски. Мора да се држи растојание. Можеби и јас не се согласувам со некои рестрикции кои се воведени, но кога се донесени мора да се почитуваат, особено кога даваат резултат. Јас мислам дека кај нас работите одат кон подобро.

За лековите велио дека примал тамифлу, капсула, а се друго беше интервенозно.

„Јас се смеев со сестрите, им велев: „Не напунивте со отрови“, а тие ми велеа: „Не, и благи работи ви ставаме“. Не знам навистина со што ме лекуваа. Во отпусната листа пишува, против која област се давани, против микроби, на бактерии. Навистина не знам. Јас бев воден како средно-тежок случај, но таму имаше што не можеш ни да замислиш.

Има една работа која ме вознемирува. Веќе ми кажаа дека кон оние кои се негативни на коронавирус се однесуваат како кон лепрозни, продолжува Адамчевски зачуден за односот на окоолината кон оние кои се негативни по лекувањето.

„Ги избегнуваат контактите со нив, на работа, на пример. Човек се вратил на работа и вели: „Се однесуваат кон мене како лепрозен“. А тој веќе негативен. Тоа загрижува. Конечно сегашнава состојба покажа дека во државава треба да се создаваат системи за вонредни состојби. Она што го имавме како наследство од СФРЈ го растуривме. Се надевам дека сега со влегувањето во НАТО и почнување преговори со ЕУ конечно ќе почнеме да градиме нормална држава. Јас до утре сум во изолација. Две недели по излегување од болница сум дома. Така што имам искуство со комшиите. Односот со нив е присен. Се шегуваме, иако има некои кои кога ќе им кажам дека сум бил заразен со вирусот ме гледаат со недовреба и полека се оддалечуваат од мене. Тоа ти е…Балкан…

Ова е уште еден доказ дека никогаш не се знае со што човек ќе се соочи во животот..

-А човек е жив ѓавол. Потребен е само оптимизам. Таков поглед кон она со што ќе се соочиш. Јас таму одев низ собата и си пуштав музика. Си слушав класика, блуз, рок. Еднаш си потпевнував и една сестра ми вели: „Што, што?“ А јас и велам: „Пеам на германски“. Цимерот во болничката соба, кој што беше тежок случај ми вели: „Кога ќе оздравам ќе одам на викендица и ќе ги слушам сите овие музики“. И Бетовен и Лист и Лили Марлен и Би Би Кинг…Тоа ти е…