… По сето ова што се случува треба да се прогласи за неважечки договорот за “добрососедство” кој е всушност диктат и уцена на Бугарија врз Македонија . Истовремено РМ да бара признавање на националните права на Македонците во Бугарија, вели професорката Виоелета Ачковска по меморандумот на Софија која бара од ЕУ да ја прогласи Македонија за „титова творба“, Македонија за закана за Бугарија, макдонскиот јазик за бугарски дијалект, историјата – за само бугарска…



ЕУ е ставена пред тежок испит. Или ќе се врати на изворните принципи на големите творци на европската идеја, или ќе се закопа во калта на балканизацијата. ЕУ може да постои само со почитување на правата на секој народ на самоидентификација и без двојни аршини, или ќе се претвори во уште една антиисториска творба која неславно ќе замине во историјата. Македонскиот народ постоел, постои и ќе постои со својот јазик, историја и идентитет и никој не може да му го одземе тоа елементарно човеково право. Македонија вечна.

https://www.facebook.com/permalink.php?story_fbid=400384210945233&id=100029209734368