Историчарката Виолета Ачкоска со реакција по најновиот „добрососедски“ потег на Бугарија кон Македонија.
„Велат дека историјата ја пишуваат победниците. Но, и поразениот има своја историја. Затоа постои официјална историографија од една страна, која победникот ја наметнува со притисок и методи на асимилација и колективно паметење на народот кој немал право на свои херои, на свои симболи, на свој посебен идентитет, од друга страна. Тоа паметење на народот беше таа ненапишана историја која е длабока, вистинска, која се пренесувала од колено на колено и не може да биде укината со насилни договори и декрети. Така, со векови Македонците си ги сочуваа својата посебност и историја и никој не успеа да им ги откорне корените. Нема ни сега. Додека последниот Македонец памети. Македонија вечна“, порачува Ачкоска.






