Историчарката Виолета Ачкоска, заедно со честитката за големиот државен и национален празник на македонскиот народ, најавува четврти Илинден по првиот во 1903 година, вториот во 1944 и третиот во 1991 година.
„Двата Илиндени – востанието 1903 со Крушевската Република и Првото заседание на АСНОМ 1944, на кое се прогласи Демократска Федерална Македонија, се двата најсилни столбови во историјата на македонскиот XX век. Тие го означуваат континуитетот на македонската борба за слобода и државност. Тоа се датуми за национална гордост, датуми во кои се испишани херојски страници на имени и безимени јунаци кои ја сакаа Македонија повеќе од својот живот.
Илинден е нашата гордост, нашата светост и никој не смее да ја продава честа и крвта на нашите предци кои ни оставија аманет – никогаш да не се откажеме од борбата за слобода и човечко достоинство. На 8 септември 1991 имавме трет Илинден. Ќе има уште еден.
Да живее Република Македонија. Честит празник горди Македонци!“, напиша Ачкоска на Фејсбук.






