Ацевски : И во други здравствени установи има набавено опрема која не се употребува

Државна ревизија констатирала дека и во други здравствени установи, покрај на клиниката за Радиологија и Онкологија има мецинска порема која е набавена, а не се употребува.
– Еве го конкретно утврдената состојба ако може да забележите и на веб-страната на ДЗР во точката 4.1 за конечниот ревизорски извештај за извршената ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизорна усогласеност на болницата во Битола кажува: „Во просториите на болницата во посебен објект бункер сместен е линеарен акцелератор кој до денот на ревизијата не се користи и не е внесен во сметководствените евиденции, истакна главниот државен ревизор Максим Ацевски на денешната собраниска Комисија за финансирање и буџет на која се дискутира за финансиските извештаи и ревизија на усогласеност за 2021 година во ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија Скопје, одговарајќи на прашање на пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Жалкина Пешевска.



„ Имено, во текот на 2012 година склучен е договор за набавка на линеарен акцелератор со вредност од 100.000.015 денари или 1,6 милиони евра, а за поставување на истиот во 2013 година склучен е договор за изградба на бункер во вредност од 46.799.000 денари или 761.000 евра. Во текот на 2017 година склучен е договор за набавка на онколошки информациони системи, системи за запишување и свикување на радиолошки третман и системи за планирање на третман во вредност од 24. 774.000 денари или 403.000 евра. Имајќи ја во предвид потребата од подобрување и зголемување на достапноста на онколошките здравствени услуги и рационалното користење на буџетски средства ревизијата укажува дека е потребно во најкус можен рок да се преземат активности од страна на болницата во соработка со Министерството за ставање на апаратот во употреба“. Ова е јасно и гласно кажано и во суштина секаде каде што вршиме ревизија во јавните здравствени установи ги истакнуваме состојбите во делот на набавка на медицински апарати“, рече Ацевски.
Тој информира дека како ДЗР до Собранието доставиле препораки во делот на подготвување на програмите за здравствена заштита.

Пратеникот на СДСМ Панчо Минов истакна дека впечаток е дека расправата се одвива на релација: претседател на комисијата – пратеници од опозицијата – позитвни квалификации на државниот ревизор, со една конструкција за одговорност на владата, на министерството за здравство, на фондот за здравство.

„Сите ние овие констатирани неправилности и незаконитости крајно ги осудуваме и сите сме на иста линија по борбата за нивно надминување и потенцирам во повикивањето на одговорноста на секој што истите ги сторил и посебно што врз база на таа неправилност и незаконитост извршил и кривично дело. Државниот ревизор неколку пату укажува дека работата е од пред 20 години, листите на лекови не се ажурирани од 2015 година, во извештајот на државниот ревизор од 2012 и 2008 година има исти констатации дека се пречекоруваат буџетските средства и не се одобрени од фондот за здравствена заштита. Да не извлекуваме од оваа работа непотребни селекции, кој е одговорен, секој што е во рамките на овие неправилности и незаконитости, треба да биде одговорен, без разлика дали е од оваа влада или од претходната влада, од ова министерство или од претходно министерство’, порача Минов
Извор : https://netpress.com.mk/acevski-i-vo-drugi-kliniki-niz-drzhavata-ima-medicinska-oprema-ko-a-e-nabavena-a-ne-se-upotrebuva/