Градоначалникот на Велес, Аце Коцевски денеска за „Фокус“ ја објасни реакцијата на вчерашната прес-конференција кога министерот за образование Арбр Адеми одговарал на албански на прашања поставени од новинари Албанци.



„Многу ми пречи фактот што новинари од албански редакции поставуваа прашања на албански јазик. Се спомнуваше Велес, гимназијата и состојбите.

Министерот дава одговори на албански јазик, а не се преведуваат ни прашањата ни одговорите. Немаше преведувач и затоа се одлучив на таква реакција.

Не сакав да бидам декор на нечија прес-конференција во мојата земја и да не разбирам за што се зборува“, истакна Коцевски за „Фокус“.