Рускиот милијардер во четвртокот доби забрана за престој во Велика Британија, пренесоа британските медиуми, а денеска пристигна официјално соопштение од него во кое се наведува дека по 20 години заминува од клубот.
„Во текот на овие 20 години на чело на Челси, секогаш се трудев нашиот клуб да служи како пример и мојата работа да биде клубот да функционира на највисоко ниво. Да му овозможам успех кој клубот го постигна, но и да градиме иднина со позитивна улога во заедницата. Челси секогаш ми беше на прво место и секогаш ми беше во срцето. Засекогаш ќе му останам верен и затоа објавувам дека ја предавам сопственоста на Добротворната организација на Челси. Верувам дека на најдобар начин ќе се грижат за клубот, играчите, персоналот и навивачите“, напишал Абрамович.





