Инвестициска група на чело со Тод Боели ги договори условите за преземање на фудбалскиот клуб „Челзи“ за вкупна сума од 4,25 милијарди фунти.
Со тоа, се чини, завршува сагата со Роман Абрамович кој по стартот на воениот конфликт меѓу Русија и Украина доби санкции од англиската влада и не можеше да продолжи да ја врши својата работа како сопственик на клубот.
Како основна сума на продажбата е наведена 2,5 милијарди фунти за Абрамович и инвеститорите, додека новите сопственици се обврзани да вложат 1,75 милијарди во структурите на англискиот прволигаш.
Се очекува со документацијата да се заврши до крајот на овој месец, па така веднаш по крајот на сезоната, новите сопственици ќе го преземат водството на Челзи.
Роман Абрамович, како што и претходно најави, па парите од продажбата на клубот нема да ги земе за себе, туку ќе ги донира како помош на погодените делови во Украина.
Русинот ќе го „прости“ долгот на клубот кон него во висина од над 1,5 милијарди евра. Гол.Мк.







