Изминува 28 април, а од претседателот и врховен командант на оружените сили Стево Пендаровски нема абер за денешната 20-годишнина од масакрот кај Вејце, во кој осум припадници на безбедносните сили беа ѕверски ликвидирани во заседа од УЧК.
Наспроти загинувањето во одбрана на татковината на четворица специјалци на Армијата на Република Македонија и уште толку на Министерството за внатрешни работи, Пендаровски вчера се огласи во врска со четиригодишнината од настаните од 27 април.
На налозите на претседателот на социјалните мрежи Фејсбук и Твитер на долго и на широко се известува за неговата посета на Брисел, но таму беше и вчера, па најде време да објави:






